| КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ |
| |
Местоположба
Основниот суд Скопје II Скопје се наоѓа во центарот на град Скопје, на бул. „Гоце Делчев“ бр. 4. Судот е сместен во трикатна зграда со приземје, со модерен архитектонски изглед.
Трикатната зграда се наоѓа во комплексот наречен “Судска палата”, заедно со Основниот Суд Скопје I – Скопје, Апелациониот суд Скопје и Врховниот суд на Република Македонија. Одделот за трговски спорови е сместен на првиот кат во зградата на Апелациониот суд Скопје. |

Мапа со локација на судот: ТУКА |
| |
| Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Сл. весник на РМ” бр.13/06) и член 3 од Упатството за начинот и постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер Основен Суд Скопје II Скопје ја изготви следната
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Листата на информации од јавен карактер на Основен Суд Скопје II Скопје ја сочинуваат следните групи на информации:
| 1 |
Општи информации за судот |
3 |
Судска Власт |
| 2 |
Судска пракса |
4 |
Контакт информации |
Граѓаните на Република Македонија можат да добијат информација од јавен карактер што ја изготвило или со која располага Основен Суд Скопје II Скопје со пополнување на - Барање за пристап до информации од јавен карактер, кое може да го добијат во архивата на Основениот Суд Скопје II Скопје или да го симнат тука.
Барање за пристап до информации од јавен карактер
Барањето за информација може да се достави во писмена форма на адресата на Основен Суд Скопје II Скопје, Бул. “Гоце Делчев“, бр.4 или на e-mail: vesna.trajanova@gmail.com, како и на факс бр.3115 -737.
Граѓаните може да се информираат за сите прашања од нивен интерес што се поврзани со правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и на телефон: 3120-171.
Основен Суд Скопје II Скопје согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за службено лице за посредување со информации ја определи: Весна Трајанова – судски советник. |
| |
Доколку имате некое прашање или ви е потребна соодветна информација, можете да ја искористите контакт формата прикажана подолу.
На Вашето прашање ќе одговориме во најкус можен рок. Ви благодариме. |
| |
|
| |