Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
Одлуки на Основниот Суд Скопје 2

25.03.2010   III Пл. бр. 6000/08

 

                                                                                                                                                                                                              

                                        ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

 

       ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ II СКОПЈЕ ГРАЃАНСКИ СУД,  како првостепен парничен суд и тоа судијата Зденка Сибиноска како судија поединец постапуваќи по тужбата со предлог за издавање на платен налог на тужителот С.банка АД  С. ул...С. против тужената Б.С. Бул... С. за долг, вредност на спорот 177.673,00 денари, по одржаната главна, јавна и усна расправа на ден 25.03.2010 година, во присуство на полномошникот на тужителот Ф.М. адвокат од Адвокатско друштво Ч.М.и полномошникот на  тужената, адвокат Б.Т. ја донесе и објави следната:

 

 

 

                                                                                                                                                                                                                                                П Р Е С У Д  А

 

 

 

              Приговорот на тужената Б.С. од С.  ДЕЛУМНО СЕ УСВОЈУВА .

 

            Платниот налог на Основниот суд Скопје 2 Скопје - Граѓански суд III Пл.бр. 6000/08 од 20.01. 2009 година во делот со кој тужената е задолжена во рок од 8 дена по прием на платниот налог на тужителот С.Банка АД С. да му плати паричен износ од 177.673,00 денари на име главен долг со законска затезна камата согласно ЗВСЗК  и тоа

     на износ од 168.001,00 денари сметано од 30.04. 2008 година до 31.01. 2010 година, а од 01.02. 2010 година казнена камата во висина на референтната стапка на Н.Банка на РМ што за секое полугодие важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за 8 процентни поени до исплатата, како и за трошоци во износ од 6.003,00 денари , ОСТАНУВА ВО СИЛА.

     

        Платниот налог на Основниот суд Скопје 2 Скопје - Граѓански суд III Пл.бр. 6000/08 од 20.01. 2009 година во делот со кој тужената е задолжена во рок од 8 дена по прием на платниот налог на тужителот С.Банка АД С. да му плати законска затезна камата согласно ЗВСЗК на износ од 9.220,00 денари и на износ од 452,00 денари сметано од 30.04. 2008 година до исплатата СЕ УКИНУВА, и во овој дел тужбеното барање на тужителот СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО.

       

        СЕ ЗАДОЛЖУВА  тужениот да му ги надомести процесните трошоци на тужителот во вкупен износ од   19.475,00 денари а во рок од 8 дена по приемот на оваа пресуда.

                                                                                                       

           Поголемото барање за парнични тошоци на тужителот од побараните   28.993,00 денари до досудените 19.475,00 денари СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО.

 

 

 

 

                                                                                                                                                                                                              

                                                   О б р а з л о ж е н и е

 

         Тужителот С.банка АД  С. до овој суд на 24.06.2008 година преку полномошникот Адвокатско друштво Ч.М.поднесе тужба со предлог за издавање на платен налог врз основа на  веродостојна исправа и тоа финансова картица од 30.04. 2008 година, договор за одобрување на потрошувачки кредит бр... побарувајќи од тужената  Б.С.  од С. на име главен долг износ од 177.673,00 денари денари  со законска затезна камата согласно ЗВСЗК  сметано од 30.04.2008 година се до исплатата,  како и трошоци .Судот го усвои предлогот за издавање платен налог, со решение III Пл.бр. 6000/08 од 20.01. 2009  година и го задолжи тужениот  на тужителот да му плати главен долг во износ од 177.673,00  денари со законска затезна камата и трошоци, во рок од 8 дена или во истиот рок да поднесе приговор против издадениот платен налог.

 

   Против издадениот платен налог на ден 11.03.2009 година , тужената  Б.С. од С. изјави навремен приговор, во кој наведе дека документите за добивање на кредит од С.банка  се фалсификувани и се со невистината создржина. Тужената никогаш не била вработена, а најмалку како стоматолошка сестра во стоматолошка ординација ПЗУ Е. ниту остварувала плата од 15.000,00 денари.Наведе дека нејзиниот сопруг Д.С.  никогаш не бил тапетар. Тој сега живее со своите родители во с.Т. на ул... а работи во кфе барот Ф. во ТЦ М. Тужената од стоматологот Ч.Ѓ.  дознала дека истиот бил измамаен од Д.со други лица и на измамам му ги зел документите од ординација ПЗУ Е. со лажна содржина бидејќи тужената никогаш не работела таму ниту има такви квалификации. Тужената не ги зела парите од банка, туку тоа го сторил Д.С. кој веднаш и ги зел и со кого таа тогаш живеела, односно комплетната постапка и документација не ја прибрала и изготвила тужената туку Д.С..Тој за да ги обезбеди истите документи и за да дојде до парите од кредитот, ја искористил нејзината крајно лоша здравствена состојба. Имено тужената е долгогодишен психијатриски пациент со дијагноза за тешка психичка болест шизофренија, истата е под постојана психијатриско лекување. За оваа состојба на тужената е известен сега тужителот како и МВР.

   

    Докази предлага.

 Трошоци не побарува.

 

   Тужителот преку полномошникот на подготвителното рочиште на  12.01.2010 година наведе дека  медицинските документации не се од значење на оваа постапка и треба да се достави доказ дали на тужената и е одземена деловната спосбност или не . Доколку не и е одземена деловната спосбност  таа и понатаму ќе учествува во оваа постапка. Посебно што кредитот е подигнат  пред подолго време на 25.09. 2007 година , а деловната способност не е одземена ниту се води постапка за тоа , а истото тоа можел да го стори нејзиниот родител согласно чл. 36 од Законот за вонпроцесна постапка, а по однос на измамата и злоупотребата од страна на нејзиниот сопруг тоа можело да се утврдува во друга постапка ,. А, во оваа постапка тужената е таа која го подигнала кредитот  и парите се земени.

     

    Тужената преку полномошникот Б.Т. адвокат од С.,на подготвителното рочиште на  12.01.2010 година наведе дека е неосновано тужбеното барање кон тужената бидејќи прилага медицинска документација видно од која , а од особено од медицинска белешка од невропсихијатар Д-Р П.П. таа боледува од параноидна шизофренија и дека се лекува со лекови кој што исто како и болеста влијаат врз нејзината способност за самостојно расудување и дејствување поради што лекарот и констатира дека шизофренијата има земено хроничен тек , не се очекува битно подобрување , таа нема никогаш да може самостојно да работи , привреднува, па ни добро да се грижи за своето семјество, потребно и е доживотна психијатриска контрола , редовно земање лекови, подршка од семејството и матријално обезбедување. Нејзиниот сопруг С.Д. кој живее во с. Т. на ул...  ја злоупотребил нејзината состојба и во банката приложил фалсификувани документи врз основа на кој е одобрен кредитот и од тука смета дека ако некој треба да одговара и да го враќа земениот износ бидејќи истиот завршил во негови раце тоа е сопругот на тужената кој според законот е обврзан да одговара за неа  и како старател бидејќи се уште во брак.Наместо тоа тој ја шиканира и ја одбегнува обврската да се грижи за неа и ја злоупотребува на ваков начин. Сето ова во фаза на добивање на опомена за плаќање на кредит од страна на мајка на тужената е презентринано на банката.Посебно што вака поставено тужбено барање ќе остане неизвршено бидејќи нема имот. Наведе дека дека таа не била свесна за преземените дејствија со оглед на нејзнината здравствена состојба ниту ги зела парите.

 

Во поднесокот од 01.02.2010  година  тужителот наведе дека тужителот и тужената   на 25.09.2007 година склучиле Договор за одобрување на потпрошувачки кредит бр... согласно  чл. 6 од договорот  банката ќе го смета кредитот за целосно достасан и има прво да бара наплата на кредитот во целост заедно со соодвено пресметана камата и трошоци доколку ануитетите на кредитот тужениот не редовно го враќа кредитот односно не плати 2 ануитети по редослед или вкупно 3 ануитети или не се придржува на одредбите на договорот. А во случајов уплатите од 6-тиот ануитет се до 23-тиот ануитет се вршени со задоцнување од месец дена а некаде и повеќе. Тужителот направил обид вонсудски да се намири долгот, а исто така и доставил на тужената опомена пред тужба, но тужената ниту нејзината мајка ниту нејзниот полномошник не приговарале за подигнатиот кредит од страна на тужената. Понатаму наведе дека  тужената  заклучно со 30.04.2008 година  му должи тужителот на име главен долг износ од 177.673,00 денари од кои 168.001,00 денари на име главница,  износ од 9.220,00 денари на име редовна камата и  износ од 452,00 денари на име казнена камата. Наведе дека доколку тужената се наоѓа во сосотојба на доживотна психијатриска контрола од страна на семејството  во тој случај согласно Законот за вонпарнична постапка на тужената би требало да и биде одземена деловната способност во смисла на чл.34 одн ЗВП и тоа пред поведување на оваа парничната постапка . Наведе дека доколку тужената се наоѓала во таква состојбанејзин родител или друго лице со кое живее во трајна заедница имало доволно време за да поведе вонпарнична постапка за да и биде одземена деловната способност, а имајќи предвид дека  потрошувачкиот кредит бр... бил подигнат во месец септември 2007 година односно 1 година и 4 месеци  од одобрувањето на предложениот платен налог заведен под деловен број Пл. бр. 6000/08.  имајќи предвид дека на тужената не и е одземена ниту целосно ниту делумно деловната способност, во оваа постапка тужената може да учествува како странка. Согласно одредбите од ЗПП , парнична способност има секое лице доколку тоа може самостојно да превземе врз себе обврски. Од тука и парничната способност како способност на странката, самостојно да превземе парнични дејствија во постапката со целосен учинок се совпаѓа со деловната способност која е уредена со прописи од материјалното право. Тужената не достави доказ дека и е одземена деловната способност туку само медицинска документација дека за извршени прегледи. Наведе дека постапката за одземање на деловната способност е итна и истата можела да зврши во најкус временски период од страна на лице наведено во чл.36 од ЗВП. Воедно изврши и прецизирање на тубеното барање и предложи да се задоли тужената да му исплати на тужителот вкупен износ од 177.673,00 денари од коид кои 168.001,00 денари на име главница со законска затезна камата согласно ЗВСЗК сметано од 30.04.2008 година,  износ од 9.220,00 денари на име редовна камата и  износ од 452,00 денари на име казнена камата.

 

          На главната расправа  одржана согласно чл. 423 в.в со чл. 282 од ЗПП, на ден  25.03.2010 година  полномошникот на тужителот наведе дека останува на тужбата и тужбеното барање  и поднесокот од 01.02. 2010 година .Предлага тужбеното барање да се усвои согласно новите измени на ЗОО, а приговорот да се отфрли како неоснован.Понатаму направи прецизирање на тужбеното барање во поглед на побарувањето на законската затезна камата  така што на главница во износ од 168.001,00 денари побарува законска затезна камата сметајќи од 30.04. 2008 година до исплатата, а на редовна камата во износ од 9.220,00 денари и на казнена камата износ од  452,00 денари не побарува камата .

 

      Докази предлага.

      Побарува трошоци.

 

    Полномошникот на тужената  на главната расправа на ден 25.03.2010 година  наведе дека се  противи на прецизирањето од страна на тужителот во поглед на каматата во делот каде што тужителот се произнесе дека на делот од главниот долг кој се однесува на редовна камата 9.220,00 денари и казнена камата 452,00 денари не бара никаква камата, како и во делот дека на главницата во износ од 168.001,00 денари  бара законска затезна камата согласно ЗВСЗК сметано од 30.04. 2008 година па се до денот на исплатата. Од причини што  формулација  е спротивна на законот за облигациони односи бидејќи по новиот закон критичен датум е 31.01. 2010 година од која до исплатата тече некоја друга камата. Во однос на главното барање смета дека истото е неосновано во целост и дека судот треба да ја расчисти фактичката состојба заради правилно пресудување и тоа на оконоста што тужената тврди дека никогаш не била вработена, никаква потврда од С.ординација ПЗУ Е.таа лично не извадила бидејќи таму не била вработена ниту пак остварувала плата од 15.000,00 денари , а нејзиниот сопруг Д.С. никогаш не бил тапетар. Од друга страна таа боледува од тешка психичка болест шизофренија редовно се лекува кај невропсихијатар Д-р П. и од приложени извештаи од специјалистот особено од 08.09. 2007 година кој непосредно претходи на датум на склучување на договорот јасно стои дека кај неа параоидноста е зголемена и и се дава соодветана терапија за шизофренијата. Од тука смета дека истата не може да биде одговорна за преземените дејствија во врска со кредитот бидејќи ваквата нејзина состојба од некого била злоупотребена и парите не ги подигнала кој веднаш ги зел сопругот кој ја малтретира заради ваквата нејзина психичка состојба.Наведе  дека од изведените докази произлегува дека тужената не може да биде одговорна и задолжена за ваков долг особено што и сите оргинални документи , барањето за потрошувачки кредит, договорот, потврдата за редовен работен однос се на име на Б.С.  ,а  не на С. што укажува  покрај сите околности досега наведени дека таа лично овие документи не ги пополнувала иако се пополнети на рака . Во контекст на нејзината здравствена состојба во тој момент како и околноста дека потврдата за редовен работен однос е со комплетно невистинита содржина  па од тука се поставува прашањето дали таа лично овие докуметни ги потпишувала, дали лично ги доставила до банката па и дали лично ги подигнала парите што смета дека  требаше да биде утврдено во оваа постапка.

      Докази предлага.

      Побарува трошоци.

 

 

    Судот на одржаната расправа ги изведе предложените  докази односно ги  прочита пресметка за тужење на кредит од 30.04. 2008 година ,финансова картица од 30.04. 2008 година, договор за одобрување на потрошувачки кредит бр...  потпишан од договорните страни тужителот и тужената на 25.09. 2007 година , барање за потрошувачки кредит од 24.09. 2007 година потпишан на местото кредитобарател од тужената, потврда за редовен работен однос, поднесок од пол.на тужителот од 10.09. 2008 година за уредување на тужбата во делот на презимето на тужената, медицинска белешка од невропсихијатриски центар Д-р П. од 25.03. 2008 година, извештај на специјалист -субспецијалист од 21.01. 2008 година, 08.09. 2007 година, 13.07. 2007 година, 17.06. 2007 година, 10.06. 2005 година, 05.03. 2008 година, 23.06. 2008 година, 17.10. 2008 година, 05.01. 2010 година, 29.09. 2009 година,27.03. 2009 година, наод и мислење за видот и степенот на попреченост во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби од 31.01. 2008 година под бр... на име на тужената,извод од матична книга на венчани под тековен број...  за 1997 година , извод од матична книга на родените под тековен број … за 1998 година на дете Е.С. ., па ценејки ги  изведените докази, вкупно и пооделно и во согласност на чл. 7 и 8 од ЗПП ја утврди следната фактичка состојба:

 

      ТужителотС.банка АД  С. и тужената  Б.С. од С.  на ден 25.09. 2007 година, склучиле Договор за одобрување на потрошувачки кредит  бр...  потпишан лично од тужителот и од тужената Б.С. и на истата и бил одобрен ненаменски потрошувачки кредит  во износ од 170.000,00 денари .Во чл.2 од Договорот странките договориле рок на отплата од 60 месечни ануитети во висина од  по 3.911,50 денари и камата со променлива каматна стапка во износ од 13,5 % годишно. Рокот за плаќање на ануитетот е договорен најдоцна до 10-ти во месецот за претходен месец. Во чл.6 е одредено дека доколку корисникот не плати 2 ануитети  по редослед или вкупно 3 ануитета, кредитот ќе се смета за целосно достасан за отплаќање. Тужената  заклучно со 30.04.2008 година останала да должи вкупен износ од 177.673,00 денари од кои 168.001,00 денари на име главница,  износ од 9.220,00 денари на име редовна камата и  износ од 452,00 денари на име казнена камата. Согласно чл. 6 од Договорот за одобрување на потрошувачки кредит тужителот на ден 24.06.2008 година поднел тужба до судот со цел по судски пат да го оствари своето побарување.

 

           При вака утврдена фактичка состојба ,судот  делумно  го усвои тужбеното барање на тужителот од следните причини:

 

            Од договор за одобрување на потрошувачки кредит бр...од 25.09. 2007 год. се утврдува дека тужителот на тужената и одобрил ненаменски кредит во вкупен износ од 170.000,00 денари кој тужениот требало да го отплаќа во рок од 60 месечни ануитети и каматна стапка  од 13,5 % годишно, а доколку  корисникот на кредитот не плати 2 ануитети  по редослед или вкупно 3 ануитета, кредитот ќе се смета за целосно достасан за отплаќање. Од истиот договор се утврдува дека било одредено дека банката во случај доспеани, а неисплатени обврски ќе пресметува и наплатува затезна камата согласно актите на тужителот.

 

Од финансовата картица на име тужениот бр...   од 30.04.2008 и пресметка за тужење на кредит партија...со датум на книжење 30.04.2008 година се утврдува дека тужената должи на име на име доспеана главница износ од  168.001,00 денари на име главница,  износ од 9.220,00 денари на име редовна камата и  износ од 452,00 денари на име казнена камата

 

 

        Од потврдата за редовен работен однос  од 24.09.2007 година се утврдува дека тужената била вработена во ПЗУ Е. со месечни примања од 15.000,00 денари..

 

           Согласно член 10 став 1 од ЗОО ( Сл. весник на РМ бр.18/01), учесниците во облигациониот однос се должни да ја извршат својата обврска и се одговорни за нејзино исполнување, а согласно чл.284 ст.1 од истиот закон обврската престанува кога ќе се исполни и  во други случаи определени со закон.

 

         Согласно член 266 од ЗОО должникот кој ќе задоцни со исполнување на паричната обврска долгува покрај главницта и затезна камата по стапка утврдена со закон.

 

           Согласно чл.266 ст.1 од Законот за измнеување и дополнување на Законот за облигациони односи должникот кој ќе задоцни со исполнувањето на парична обврска долгува, покрај главнината и казнена камата.

 

           Солгасно чл.266 –а ст.1 Законот за измнеување и дополнување на Законот за облигациони односи, стапката на казнената камата се определува за секое полугодие и тоа во висина на каматната стапка од основниот инструмент од операциите на отворен пазар на Н.банка на Р.М. ( референтна стапка), што важела на последниот ден од полугодието што му претходелео на тековното полугодие, зголемена за 10 процентни поени во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право, односно зголмена за осум процентни поени во договрите во кои барем едното лице не е трговец ( законска казнена камата).

 

         Согласно член 8 од Законот за измнеување и дополнување на Законот за облигационите односи засновани пред започнувањето со примена на овој закон, на правата и обврските по основ на договорна и казнена камата настанати заклучно со 31.01.2010 се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи (Сл. Весник на Р.М бр.18/2001, 78/2001, 4/2002, 59/2002, 5/2003, 84/2008, и 81/2009), а кај облигационите односи од став 1 на овој член на правата и обврските по основ на договорна и казнена камата кои ќе настанат по 31.01.2010 се применуваат одредбите од овој закон.

 

   Имајќи ги  предвид погоре цитираните законски одредби и утврдената фактичка состојба , судот  ја задолжи Б.С. од С. да  му го исплати долгот на тужителот во вкупен износ од  177.673,00 денари на име главен долг со законска затезна камата согласно ЗВСЗК  и тоа  на износ од 168.001,00 денари сметано од 30.04. 2008 година до 31.01. 2010 година, а од 01.02. 2010 година казнена камата во висина на референтната стапка на Н.Банка на РМ што за секое полугодие важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за 8 процентни поени до исплатата

        

   Судот го ценеше приговорот на тужената Б.С. од С. во кој наведе дека документите за добивање на кредит од С.банка  се фалсификувани и се со невистината создржина. Тужената никогаш не била вработена, а најмалку како стоматолошка сестра во стоматолошка ординација ПЗУ Е.ниту остварувала плата од 15.000,00 денари.Наведе дека нејзиниот сопруг Д.С.  никогаш не бил тапетар. Тој сега живее со своите родители во с.Т. на ул... а работи во кфе барот Ф. во ТЦ М. Тужената од стоматологот Ч.Ѓ.  дознала дека истиот бил измамаен од Д. со други лица и на измамам му ги зел документите од ординација ПЗУ Е. со лажна содржина бидејќи тужената никогаш не работела таму ниту има такви квалификации. Тужената не ги зела парите од банка, туку тоа го сторил Д.С. кој веднаш и ги зел и со кого таа тогаш живеела.  Комплетната постапка и документација не ја прибрала и изготвила тужената туку Д.С..Тој за да ги обезбеди истите документи и за да дојде до парите од кредитот, ја искористил нејзината крајно лоша здравствена состојба. Имено тужената е долгогодишен психијатриски пациент со дијагноза за тешка психичка болест шизофренија, истата е под постојана психијатриско лекување. За оваа состојба на тужената е известен сега тужителот како и МВР. Истата не може да биде одговорна за преземените дејствија во врска со кредитот бидејќи ваквата нејзина состојба од некого била злоупотребена и таа парите не ги подигнала туку  ги зел сопругот кој ја малтретира заради ваквата нејзина психичка состојба Меѓутоа судот делумно го прифати за основан приговорот од причина што тужителот изврши прецизирање на тужбеното барање и предложи да се задолжи тужениот да му исплати на тужителот главен долг во вкупен износ од 177.673,00 денари од кои кои 168.001,00 денари на име главница со законска затезна камата согласно ЗВСЗК сметано од 30.04.2008 година,  износ од 9.220,00 денари на име редовна камата и  износ од 452,00 денари на име казнена камата..   Од изведените докази посебно од финансиската картица со сигурност се утврди дека тужената заклучно со 30.04.200 му должи на тужителот износ од 177.673,00 денари . Неосновани се наводите на тужената дека  не била вработена, а најмалку како стоматолошка сестра во стоматолошка ординација ПЗУ Е. ниту остварувала плата од 15.000,00 денари од причина што видно од потврдата за редовен работен однос од 24.09.2007 година се утврди дека истата била вработена во ПЗУ Е.со одредени месечни примања, а воедно врз основа соодветни документи меѓу кои е и наведената потврда, на тужената како кредитоспособно физичко лице и бил одобрен потрошувачки кредит од страна на тужителот. Понатаму неосновани се наводите на тужената дека таа не ги зела парите од банка, туку тоа го сторил Д.С. нејзиниот сопруг кој веднаш и ги зел и со кого таа тогаш живеела, и за да дојде до парите од кредитот, ја искористил нејзината крајно лоша здравствена состојба со оглед да истата  долгогодишен психијатриски пациент со дијагноза за тешка психичка болест шизофренија, истата е под постојана психијатриско лекување и дека истата не може да биде одговорна за преземените дејствија во врска со кредитот.  Ваквата нејзина состојба била злоупотребена од сопругот Д.С. кој и ги зел парите и  ја малтретирал заради ваквата нејзина психичка состојба, затоа што тужената преку полномошникот не достави  докази дека и е одземена деловната состојба.  Видно од приложената медицинска документација биле извршени специјалистички прегледи во 2007 година кога и бил склучен договорот за потпрошувачки кредит  помеѓу странките, меѓутоа постапка за одземање на деловна споспбност не била поведена согласно чл.36 од Законот за вонпарнипчна постапка спорд кој  постапката за целосно или делумно одземање на деловна способност судот поведува по службена должност или по предлог од брачниот другар, дете, внук, родител, дедо, баба, брат, сестра и секој друг кој со тоа лице живее во трајна заедница, како и по предлог од надлежниот центар за социјална работа. Согласно чл. 34 од истиот закон во постапката за одземање на деловната способност судот одлучува за делумно или целосно одземање на деловната способност на лице кое, поради душевно заболување, слабоумност, употреба на алкохол или други нервни отрови, наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, не е во состојба да се грижи за себеси и за заштита на своите права и интереси. Во конкретниот случај за тужената не била поведена постапка за одземање на деловна способност односно не и е одземена деловната способност согласно погоре цитираните законски одредби. Од тука таа била деловно способна за да учествува во правниот сообраќај  односно била деловно способна да го склучи договорот за потрошувачки кредит, како и да презема врз себе обврски. А, со оглед на тоа дека не му го исплатила долгот на тужителот, а била парнично  способна  во смисла на  чл. 71 од ЗПП според кој странката која е целосно деловно способна може сама да ги врши дејствијата во постапката (парнична способност).Понатаму со оглед да тужената има деловна способоност истата има и парнична способност односно самостојно  да презема   парнични дејствија во постапката, а тоа се совпаѓа со деловната способноста да презема  врз себе обврски. Тужената не достави правно релевантни докази од кои може да се утврди дека истата    не може да биде одговорна за преземените дејствија во врска со склучувањето на договорот за потрошувачки кредит односно не достави докази дека била деловно неспособна во време на склучување на договорот со тужителот со тоа што нејзнината сосотојба била искористена од друго лице.Судот го отповика решението за сослушување во својство на сведок неврописхијатарот Д-р П.П. од С. бидејќи најде дека во списите постојат доволен број на медицински исправи издадени од истото лице.

 

      Со оглед на погоре наведеното судот  Приговорот на тужената Б.С. од С. ДЕЛУМНО ГО УСВОИ.   Платниот налог на Основниот суд Скопје 2 Скопје - Граѓански суд III Пл.бр. 6000/08 од 20.01. 2009 година во делот со кој тужената е задолжена во рок од 8 дена по прием на платниот налог на тужителот С.Банка АД С., да му плати паричен износ од 177.673,00 денари на име главен долг со законска затезна камата согласно ЗВСЗК  и тоа

    на износ од 168.001,00 денари сметано од 30.04. 2008 година до 31.01. 2010 година, а од 01.02. 2010 година казнена камата во висина на референтната стапка на Н.Банка на РМ што за секое полугодие важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за 8 процентни поени до исплатата, како и за трошоци во износ од 6.003,00 денари ГО ОСТАВИ  ВО СИЛА.

 

           Платниот налог на Основниот суд Скопје 2 Скопје - Граѓански суд III Пл.бр. 6000/08 од 20.01. 2009 година во делот со кој тужената е задолжена во рок од 8 дена по прием на платниот налог на тужителот С.Банка АД С. да му плати законска затезна камата согласно ЗВСЗК на износ од 9.220,00 денари и на износ од 452,00 денари сметано од 30.04. 2008 година до исплатата ГО УКИНА и во овој дел тужбеното барање на тужителот ГО ОДБИ КАКО НЕОСНОВАНО.                                  

 Одлуката за парничните трошоци судот ја донесе согласно член 148 од ЗПП, АТ на Р.М и Законот за судски такси  го задолжи тужениот да му ги надомести  на тужителот процесните трошоци во вкупен износ од  19.475,00 денари, а кои се однесуваат : такса за одлука во износ од 1.527,00 денари,   согласно таксената тарифа во делот 2 одлуки тарифен број 2.6 , таксата за решение за платен налог во износ од 2.026,00 денари ја засмета во таксата за одлука по приговор во износ од 3.553,00 денари, и  за присуство на 2 расправи на полномошникот на тужителот од по 4.680,00 денари   или вкупно за застапување  износ од 9.360,00 денари, зголемено за 18% ДДВ бидејќи полномошникот е ДДВ обврзник во износ од 1.685,00 денари, за еден образложен поднесок во износ од 3.900,00 денари, со ДДВ 18 % износ од 702,00 денари, и за еден необразложен поднесок во износ од 1.950,00 денари зголемено за 18 % ДДВ износ од 351,00 денари,за  а го одби поголемото барање за застапување на полномошникот на тужителот на 2 расправи и тоа на 16.06. 2009 година и 15.10. 2009 година бидејќи на овие расправи од страна на полномошникот не се преземени процесни дејствија .                     

                            ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ   II ГРАЃАНСКИ СУД

                                        III Пл. бр. 6000/08 од  25.03.2010 год.                                                                                                                                                                         Судија,

                                                                                              Зденка Сибиноска с.р.

 

 

 

 

                                                                       

ПОУКА: Незадоволната странка има право на жалба

                 во рок од 15 дена по приемот на одлуката

                преку овој суд до Апелациониот суд во Скопје.

 

 

 

 

 

 

 

   НАЛОГ ЗА ТАКСА: Се задолжува тужителот да плати такса за одлука износ од 1.527,00  денари во рок од 15 дена од приемот на истата на жиро сметка на судот на судот 840-033-3338, повикувачи број722211,  во спротивно таксата ќе се наплати присилно зголемена за 50%.

 

 

 

 

                                                   ДН:  -на тужителот  - на Адвокатско друштвоЧ. и М.-С.

                    - на тужен –  адвокат Б.Т. - С.                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                   


Назад