Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
ОСНОВЕН СУД СКОПЈЕ 2 - НАДЛЕЖНОСТИ


Според член 32 став 4 од Законот за судови („Службен весник на РМ“ бр.58/06 од 11.05.2006 година), Основниот суд Скопје II Скопје е граѓански суд со основна и проширена надлежност за подрачјето на Град Скопје, односно за подрачјето на следниве скопски општини (Центар, Карпош, Ѓорче Петров, Сарај, Кисела Вода, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Чаир, Шуто Оризари, Чучер Сандево, Сопиште, Студеничани, Зелениково, Петровец, Илинден и Аралиново).

Во согласност со цитираниот член и член 30 и член 31 од Законот за судови, како и другите важечки прописи, Основниот суд Скопје II Скопје е надлежен да одлучува во прв степен во граѓански спорови и тоа:
  • а спорови во имотно-правните и други граѓанско-правни односи на физички и правни лица, чија вредност е до и над 15.000 Евра во денарска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,
  • за спорови за утврдување и оспорување на татковство, мајчинство, утврдување на постоење на брак, за поништување на брак и развод на брак,
  • за законска издршка,
  • за чување и воспитување на деца,
  • за смеќавање на владение,
  • за доживотна издршка,
  • за надоместок на штета до и над 15.000 евра во денарска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,
  • во постапка за обезбедување и извршување,
  • Историјат
  • Внатрешна Организација
  • Годишни Извештаи
  • Работно време на судот
  • Контакт адреса и телефон
  • Службено лице за посредување со информации од јавен карактер
  • Листа на информации од јавен карактер
  • Сметка на судот за уплата на судски такси
ИСТОРИЈАТ

Основниот суд Скопје II Скопје е основан со Повелба на Президиумот на АСНОМ за устројство на редовните судови во Македонија од 31.03.1945 година. Оваа Повелба претставува прв законодавен акт на АСНОМ како прв законодавен орган создаден во текот на Народноослободителната борба, со кој се утврдило постоењето на вкупно 25 општински судови, три обласни суда и Врховниот суд на Македонија.

Претходно, формирањето на првите редовни граѓански судови во Македонија започнало со Одлука на второто заседание на АСНОМ од 2 август 1944 година. Со оваа одлука се формирале судски органи, поверенство за судство и судски оддели при народноослободителните одбори. На 20 октомври 1944 година било донесено решение на президиумот на АСНОМ со кое било предвидено до целосното уредување на правосудството во Македонија, судењата да се вршат во рамките на народноослободителните одбори. Секој од судските оддели бил составен од прочелници, секретар и неопходен персонал. Судењата ги спроведувал совет од пет члена избрани од територијата на округот. По правило, секретарот на секој судски одбор бил правник, именуван од Президиумот на АСНОМ.

Основниот суд Скопје II Скопје како Општински суд Скопје II Скопје, продолжил да функционира и врз основа на Уставот на СФРЈ од 1963 година и Законот за подрачјата на општинските и окружните судови од општа надлежност во СР Македонија од 1965 година. Со уставните реформи од 1974 година, Општинскиот суд Скопје II Скопје продолжил да функционира како редовен суд во согласност со Законот за редовни судови и тоа за подрачјето на општините Гази Баба, Кисела Вода и Чаир.

Во 1990 година во надлежност на Општинскиот суд Скопје II Скопје преминаа и предметите на Судот за здружен труд, кој се расформирал. Предметите од овој расформиран суд преминаа во надлежност на Општинскиот суд Скопје II Скопје, односно Општинскиот суд Скопје I Скопје, соодветно со месната надлежност за постапување по работните спорови.

Општинскиот суд Скопје II Скопје продолжил да функционира како Основен суд Скопје II Скопје во 1996 година во согласност со Законот за судови од 1995 година („Службен весник на РМ“ бр.36/95). Според овој закон судот е надлежен за подрачјето на општините Кисела Вода, Чаир и Гази Баба.. Во 1996 година во надлежност на Основниот суд Скопје II Скопје преминуваат и предметите на поранешниот Окружен стопански суд Скопје кој бил укинат, а кои се однесувале на споровите во стопанската област, стечајните и извршните постапки, соодветно на месната надлежност за овие спорови. Во оваа година во надлежност на овој суд преминале и прекршочните предмети, соодветно на месната надлежност, а по кои дотогаш постапувал Судот за прекршоци.

Во почетокот, односно од 1956 година судот бил сместен во бараки спроти хотел „Континентал“ во Скопје, а потоа бил сместен во бараки во Општина Бутел на ул.„Босна и Херцеговина“ бб Скопје. На 01.07.1998 година судот започна да функционира на сегашната локација, освен одделите за стечај и стопански спорови, кои останаа во бараките во Општина Бутел се до 09.04.2002 година, како и одделот за прекршоци кој остана во бараките во Градскиот парк.

Во согласност со новиот Закон за судови („Службен весник на РМ“ бр.58/06 од 11.05.2006 година), Основниот суд Скопје II Скопје е граѓански суд со основна и проширена надлежност за подрачјето на Град Скопје, а целосно започна да функционира во оваа смисла од април 2007 година.
СТРУКТУРА НА СУДСКА ЗГРАДА

Приземје
На приземјето на судската зграда се сместени судската полиција, телефонската централа, одделот за достава, економот на судот, управителот на судската писарница и судската писарница со следните оддели:
  • Оддел за прием и експедиција-шалтер бр.1, 2, 3.
  • Оддел за граѓански парнични предмети-шалтер бр.6 се до шалтер бр.20.
  • Оддел за работни спорови-просторија бр.3 зад шалтерите за прием.
  • Оддел за извршни предмети-шалтер бр.4 и 5.
  • Оддел за оставина и ВПП-шалтер бр.22 до шалтер бр.26.
  • Оддел за стечај и ликвидација-просторија бр.5 зад шалтерите за оставина.
  • Оддел за политички партии, цркви и верски заедници-шалтер бр.21.
  • Оддел за апостили- просторија бр.2 зад шалтерите за прием.
Архивата е сместена во подрумските простории на судот.

I кат
На првиот кат се сместени кабинетот на Претседателот на судот, библиотеката, салата за колегиуми, кабинетот на Секретарот на судот, кабинет на одделението за судска управа, одделение за сметководство, судниците од I до VI, судски кабинети на судиите за стечај и за 1 судија за граѓански парнични предмети, 4 канцеларии за стручни соработници, 1 канцеларија за серверите на судот, 1 канцеларија за судските преведувачи од македонски на албански јазик, 3 дактилобироа.

II кат
На вториот кат се сместени судниците од VII до XII во стариот дел, судница XVII во новиот дел, судски кабинети за судиите од работни спорови, за судиите кои постапуваат по извршни предмети, за дел од судиите на граѓански парнични предмети, 6 канцеларии за стручни соработници.

Одделението за платни налози е сместено во соба бр.24 на вториот кат.

III кат
На третиот кат се сместени судниците од XIII до XVI во стариот дел, судниците од XVIII до XXVI во новиот дел, судски кабинети за судиите кои постапуваат по граѓански парнични предмети, 2 канцеларии за стручни соработници.

Одделот за трговски спорови е сместен на првиот кат во зградата на Апелациониот суд Скопје.

На првиот кат на Апелациониот суд Скопје се сместени 3 судници за судиите кои постапуваат по трговски споровите и тоа судница бр.16, бр.19 и бр.21. Судската писарница на овој оддел е сместена во канцелариите бр.64, 89 и 90.

РАБОТНО ВРЕМЕ НА СУДОТ

од 08:30  до 16:30 часот

 

РАБОТНО ВРЕМЕ СО СТРАНКИ

 од 09:30  до  14:30 часот

 

 

ПАУЗА

 од  12:30  до 13:00 часот

Адреса:

Основен Суд Скопје 2

булевар „Гоце Делчев„ број 4, 1000 Скопје

Телефонска централа:

   02 / 3 120 171       02 / 3 119 803

Технички секретар на Претседателот на судот:

   контакт телефон: 02 / 3 115 737

Факс:

   02 / 3 115 737

e-mail: osnovensudskopjeii@yahoo.com

 

Стручен соработник - Гонце Донева

тел.   02 / 3 120 171  

емаил: gonce.doneva@yahoo.com

Начин на поднесување на барања за пристап
- усно, писмено или во електронски запис согласно член 12 од Законотот за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Прописи кои се однесуваат на надлежноста на судот
- Законот за судови („службен весник на РМ„ број 58/2006), Судскиот деловник („службен весник на РМ„ број 71/2007).

Правни акти на судот
- правилник за систематизација на работните места во судот, правилник за работните односи.

Организација на судот
- отсек за судска управа
- отсек за граѓански спорови
- отсек за стопански спорови
- отсек за оставина и вонпроцесни предмети
- отсек за стечај
- отсек за платни налози
- отсек за заверки
- отсек за извршни предмети
- отсек за извршни стопански предмети
- отсек за сметководство
- отсек за прием на писмена

Трошоци за давање услуги на граѓаните
- судските трошоци и такси се дефинирани со законот за судски такси („службен весник на РМ„ број 114/09). На овој закон упатуваат и одделни одредби од Законот за парничната постапка и Законот за кривичната постапка.

Издавање на информативни билтени
- судот изготвува месечни и годишни извештаи за работа, кои редовно се доставуваат до Судскиот Совет на РМ, Врховниот суд на РМ, Апелациониот суд Скопје и Министерството за правда на РМ.

Начин на објавување на листата на информации
- листа на информации се објавува на огласна табла на судот.

Начин и динамика на ажурирање на податоците во листа
- при секоја промена на податоците содржани во листата на информации
ПРИМАЧ - Буџет на РМ Судски такси во готови пари од физички лица

СМЕТКА
- 100000000063095

УПЛАТНА СМЕТКА -  840-     -03359

ПРИХОДНА ШИФРА         ПРОГРАМА         НАЧИН
         722213                             00                     2





ПРИМАЧ - Буџет на РМ Судски такси во готови пари од правни лица

СМЕТКА
- 100000000063095

УПЛАТНА СМЕТКА -  840-     -03338

ПРИХОДНА ШИФРА         ПРОГРАМА         НАЧИН
         722211                             00                     2